Три месеци поминаа од одлуката на Владата да се формира комисија за испитување дали дивата депонија на линдан во скопско Драчево е токсична и колку тоа е штетно

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 7:55

Пак кредит за оградување на токсичната депонија во Драчево?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во тек е постапка за оградување на диваta депонија од канцерогениот инсектицид линдан, остаток од работењето на некогашниот хемиски гигант ОХИС во месноста Пеленица близу скопското село Драчево.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека владината комисија заедно со стручни лица од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе направат физичко обезбедување на локацијата, за да се оневозможи пристап до неа додека трае испитувањето со кое треба да се утврди веродостојноста на тврдењето дека таму има дива депонија на линдан.

Тој вели дека одлуката на Владата да се формира комисија која ќе работи на утврдување на веродостојноста на информацијата за можноста да има дива депонија на линдан надвор од кругот на фабриката ОХИС е донесена кон крајот на август годинава.

Министерството за животна средина и владината комисија имаат издадено наредба за физичко обезбедување на локацијата, додека трае истражувањето и веќе се работи на тоа. – рече Бошњаковски.

Основните училишта од Скопје во оваа област организираат настава во природа за учениците од прво до осмо одделение, а вакви екскурзии беа организирани и оваа учебна година.

Владата не одговори  дали е известено Министерството за образование да ги извести училиштата превентивно да не организираат екскурзии во месноста Пеленица во Драчево до утврдување на фактичката состојба, и ако е известено зошто така не постапило.

Од Владата смируваат дека според информациите што ги имаат од Министерството за животна средина дека локацијата на можната дива депонија е оддалечена од местото каде учениците се носат на екскурзии, и дека тоа е рид покриен со земја и ако има контаминација линданот продира надолу во почвата.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во изјава за медиумите рече дека идната недела ќе се констутираат телата кои ќе бидат управувачки комитет за решавање на овој проблем.

Заедно ќе се третираат двете депонии истовремено и големата и малата. Пресметките се дека чистењето ќе чини помеѓу 40 милиони до 260 милиони евра во зависност кој метод ќе се избере, а тој ќе се избере во зависност од средствата што ќе се соберат преку фондот. Пресметки се дека од три до пет години ќе трае процесот на чистење на двете депонии. – рече Рашкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести