Возвратното писмо на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски до еден заменик помошник државен секретар на САД, јасна порака за ставовите на партијата до неговиот колега

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 8:03

Палмер без средба со Мицкоски, го прочитал писмото

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Посетата на уште еден заменик помошник државен секретат на САД на Република Македонија, помина во сенката на партиските реформи на ВМРО – ДПМНЕ и синоќешиот Централен комитет.

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер на брифингот со новинари во резиденцијата на американскиот амбасадор, на прашањето дали ќе има средби со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски одговорил дека средба нема да има бидејки „немаат што да си кажат“.

Палмер се појаснил дека одговорите на прашањата од Мицковски ги видел во писмото до Вес Мичел.

Имено претходно помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, му испратил писмо на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, вклучувајќи го и него лично и со кое јавно побара Мицкоски да обезбеди поддршка за уставните измени преку пратениците на неговата партија.

На ова Мицкоски со големи букви му возврати на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел дека Преспанскиот договор е „НЕПРИФАТЛИВ за ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.