Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП.

Објавил: Владо Марин | 13 ноември, 2020 6:26

ПАНДЕВ СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ: Сонот ни се оствари – не верував дека на 38 години ќе се пласирам на ЕП!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев вели дека никогаш не верувал дека на 38 години ќе се пласира на Европско првенство, објави Тв 21!

„Јас би се надоврзал на селекторот, благодарност до сите што не пречекавте. Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме.

Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП.

Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП… добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот“, изјави Пандев.

Владина делегација на чело со премиерот на Македонија, Зоран Заев ја имаа честа на границата први да им честитаат на фудбалерите за големиот успех!

Во Македонија ноќеска се славаше низ улиците на сите градови во државата.

До долго во ноќта се славеше во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Струмица, сите заедно, сплотени за Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.