Во објавата Пандов се обраќа кон Тимоние велејќи дека за народот тој е голем пријател на Македонија, и вели го охрабрува во тоа што е критички расположен кон сегашната Влада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 октомври, 2019 10:26

Пандов: Браво Тимоние, ни ги плеснавте во лице проблемите со кои се соочуваме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Пандов, политичкиот аналитичар на својот Фејсбук профил напиша објава каде вели дека францускиот амбасадот Тимоние на вчерашната прес конференција всушност директно со прст покажа кон проблемите во нашето општеството.

Александар Пандов е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат политички аналитичар. Роден е во 1971 година во Скопје. Како пратеник во Собранието на Република Македонија бил чен на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.
Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје. Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов. (извор википедија)

Така е господине Тимоне. Убаво Вие тоа им го плеснавте во лице на Заев и заевистите. До душа вие сепак го задржавте дипломатскиот речник и не ги нарековте работите онака како обичниот човек, односно народот ги нарекува. Секако осебена радост е за секој еден слободномислечки човек во Македонија, што како амбасадор од ценетата Република Франција се одважувате и ги посочувате директно со прст проблемите во нашето општеството.Вам не треба да ви објаснувам каков лажов и хохштаплер е Заев и јасна Ви е неговата намера да тој лично, но и преку неговите медиумски подопашници и понатаму го лажат народот, како по излобирана средба од неговиот советник Ружин, кај и да е претседателот Макрон ќе дојде во Скопје да му се извини, а датумот во Мај во Загреб е безмалку загарантиран, ако тој остане на власт. После денешното ваше обраќање јасно е дека Македонија следната година освен 12 Април, како датум за избори, со Заев, Шеќеринска, Ременски, Катица, Боки Тредичи и СДСМ, друг датум народот нема да види! Нормално е дека со политички затвореници не се оди во ЕУ!

Пандов вели дека народот го смета Тимоние како пријател на државата и вели го охрабрува тоа што е критички расположен кон оваа Влада.

Екселенцијо ве охрабрувам да го задржите вашиот критички курс кон оваа лоповска банда, со што во голема мерка ќе му помогнете на народот да ги разбере нивните маркетиншки трикови, од типот ,,излезете и гласајте ЗА бесплатно европско здравство“, па народот си знае како овие рекетари догодина да ги казни!

За мене, а верувам и за секој нормален човек и патриот, Вие сте голем пријател на Македонија. Пратете му искрени поздрави на претседателот Макрон од Македонскиот народ. Вие сте наши херои!

П.С. Пропагандата на Заев и СДС почнаа да ве нарекуваат Вас и господинот Макрон, платеници на Путин. Добродојдовте во клубот 😂

Да живее Република Франција🇫🇷
Да живее Република Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...