Пандов на фб: во име на сите жртви кои сега ја плаќаат цената на нивната љубов кон Македонија, ве повикувам во што поголем број да се собереме и повторно гласно да крикнеме и го повториме нашето не согласување со измените на уставот

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2019 17:00

Пандов видно загрижен објави фотка од денешниот протест, заедно со „класната„ Мирка!

Фото/Текст извор: ©Фејсбук / Магазин

Македонскиот Аналитичар, честиот телевизиски дебатант како и Фејсбук активист Александар Пандов вчера видно загрижен објави трогателен статус на фејсбук., кој во целост во го објавуваме:

» После сите бомби, пленуми, шарени куртони и Сорос, после СЈО и сите уцени, судења, притвори за патриотите и политички прогони, преку насилното превземање на власта на 27.04 и инсталирање на хунтава, па референдум, за жал дојдовме до денот Д. Објави вчера  на Фејсбук Александар Пандов

» Понатаму тој пишува,: Утрешниот ден е денот после кој нашата татковина ќе биде преименувана во Северна, а Македонскиот народ ќе остане без идентитет и историја. Во минативе години многу,многу протести и лични жртви понесоа, а дел (Ќосето, Чавков, Ченто, Дурловски, Игор Југ) и сеуште страдаат само поради својата борба во одбрана на она што е за секој Македонец исконско, дека е Македонец, кој говори Македонски јазик и е од Република Македонија.


На фејсбук профилот на Миленко Неделковски, со Александар Пандов и со Тања Каракамишева за која се шпекулира дека се кандидирала за кандидат за претседател на конкурсот на ВМРО -ДПМНЕ. Камерите не можеа да го забележат Димитар Апасиев коој се јавува одвреме на време на фејсбук и држи лекции по право. Каде е Апасиев?

Утре Таљат ја има закажано седницата во 12 часот во собранието, а Македонците закажаа протест пред собранието. Во тоа име, а и во име на сите жртви кои сега ја плаќаат цената на нивната љубов кон Македонија, ве повикувам во што поголем број да се собереме и повторно гласно да крикнеме и го повториме нашето не согласување со измените на уставот. Очекувам без разлика на партиска определба дека секој кој се чувствува како Македонец да присуствува.


»  Малку е надвор од контекст, но би сакал да предупредам. Во периодов гледам засилена активност на одреден број политичари кои веројатно се гледаат како претседателски кандидати. На секого од нив му е познат мојот став за бојкотирање на претседателски избори без парламентарни (Пржинска влада), но како и да е им посакувам лична среќа и успех. Меѓутоа, нивното отсуство од утрешниот протест за мене тој политичар/ка, го прави подеднакво легитимна мета во наредната кампања, буквално иста, каква што ќе ми биде консезуалниот кандидат на СДС и ДУИ, Зоран Заев

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.