Како што изјави за МИА претседателот на „Агроцентар“, Митко Јанков, протестот нема никаква политичка позадина и поради тоа, не треба да се злоупотребува за какви било политички или партиски цели.

Објавил: Весна Петровска | 26 октомври, 2019 19:16

Пандов: Црпнат бе, како те поставија на власт, тебе од земјоделие само за марихуана те интересира!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Аналитичарот Александар Пандов се огласи на Фејсбук по повод протестот на земјоделците

Црпнат бе, несреќо една, нели ти беше земјоделец, нешо ова она? Што е работава, ај што крена раце од нив, слушам си однел полиција за да ставиш рака на нив. Како те поставија на власт, тебе од земјоделие само за марихуана те интересира! Дозволи им тогаш и на обичните земјоделци да можат да си одгледуваат трева, а не да се мачат со чување тутун, ориз, лозје или јаболки. За млекопроизведувачите ич да не отварам уста. Ене го Миленко, човекот крај со крај не може да врзе со козите, а од сликава можам да сфатам дека и на краварите не им е нишо подобро.

#ЗаевГотовСи
#ДолеХунта- напиша Пандов на Фејсбук

Ненавремена исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година, се причините поради кои денеска Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија, организираа протестен марш во Скопје.

Маршот почна околу 12:30 часот од „Мавровка“, по што со шест трактори напред и транспаренти насобраните се упатија до Владата. Освен сточари, на него присуствуваат и овоштари, лозари, тутунари,…

Како што изјави за МИА претседателот на „Агроцентар“, Митко Јанков, протестот нема никаква политичка позадина и поради тоа, не треба да се злоупотребува за какви било политички или партиски цели.

-Протестот се одржува поради глувоста на Владата за сточарите и нема никаква политичка позадина. Од една страна, нашите барања искажани во декември лани се само делумно исполнети, а од друга, субвенциите не се исплаќаат навреме, туку повторно, пред избори. Доста ни е веќе од таква политика, независно кој е на власт, рече Јанков.

Одгледувачите на овци минатата година во декември на мирен протест пред Министерството за земјоделство побараа 1.500 денари субвенција за грло овца, 1.000 денари за оставено женско јагне и 800 денари за предадени грла во кланинчен капацитет,

-Не може да се преговара цела година, а да нема резултат. И тогаш алармиравме дека јагнето ќе нема цена. Отидовме коректно со барања да ги покриеме загубите, а не да печалиме. Ни ветија ќе се разгледаат, но се оглушија. Се уште работиме со загуби. Производната цена на јагнето што ја пресмета Факултетот за земјоделски науки и храна беше 174 денари за килограм жива мера, но се откупуваше за 120 – 130 денари. И со плус обезбедените 400 денари субвенција не се достигнува производната цена. Значи, се уште сме во загуба, нагласи Јанков.

Тој тврди и дека некои сточари се уште ги немаат земено субвенциите за млекото од 2017 година. Воедно посочува дека некои членови на здружението добивале закани од Министерството за земјоделство.

-Нека престанат да вртат телефони вработени во Министерството и да ги заплашуваат земјоделците. Наредниот пат ќе излеземе со имиња на тие што се јавуваат, да знаат дека не им се плашиме, потенцира Јанков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести