Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Објавил: Весна Петровска | 29 јули, 2019 21:50

ПАНИКА ВО ГЕВГЕЛИЈА: Земјотрес го исплаши населението

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Вечрва земјотрес во Грција, жителите на Гевгелија го почуствувале потресот.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија информираше за земотресот кој бил со епицентар во Грција.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чии епицентар се наоѓа на 200 km југоисточно од Скопје и потекнува соседна Р. Грција. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.8, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението на сеизмолошката станица.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.
Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, која што има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.