Германски авион со 250 патници принудно слетал на Крит поради дојава за поставена бомба

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 7:59

Паника на германскиот патнички авион кој принудно слетал на Крит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патничкиот авион со 250 патници и членови на екишажот морал принудно да слета на грчкиот опстров Крит поради дојава на бомба.

Авионот летал од Египет кон Германија и поголемиот број патници се враќал од годишен одмор.

Aвионот летал од Хургада кон Диселдорф кога по два часа лет морал принудно да слета на аеродромот во Ханиа

Според грчката државна телевизија авионот безбедно слетал на воениот аеродром Соуда а сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани .

Во тек е истрагата на авионот за да се утврди дали дојавата за поставена бомба е вистинска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.