Според него ќе има влошување на состојбата и зголемување на бројот на заболени. Тој преложи  до политичарите јавно да апелираат до граѓаните да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 октомври, 2020 10:37

ПАНОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Не очекува национална катастрофа ако продолжи оваа непослушност!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот нов бран на воведување мерки за заштита од Ковид 19, микробиологот, д-р Никола Пановски во разговор за Фактор, рече дека очекува да дадат резултати.  Тој посочи дека мора да се почитуваат мерките, бидејќи може да доживееме национална катастрофа.

-Претходните мерки кои беа воведени во текот на пролетта имаа огромен ефект во спречувањето на ширењето на корона вирусот. И сега би требало да биде така, зошто на граѓаните очигледно не смее се да им се дозволи. Едноставно премногу се опуштија и очекувани се вакви бројки на новозаразени, вели д-р. Пановски.

Според него ќе има влошување на состојбата и зголемување на бројот на заболени. Тој преложи  до политичарите јавно да апелираат до граѓаните да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. 

-Очекувам влошување на епидемиолошката состојба бидејќи по воведувањето на рестриктивните мерки кои главно се донесуваат, сега за сега, на угостителските објекти, народот ќе почне да се собира по дома, да има домашни журки и повторно ќе има голем број новозаразени. Јас сметам, па и предлагам, ако не сакаме да доживееме национална катастрофа, треба сите да се соберат, мислам на партиите, но навистина сите политички партии без исклучок и претставници на верските заедници и да излезат јавно, на телевизија, на заедничка прес-конференција и да упатат еден апел да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. Само така може да ја надминеме кризата со епидемијата. Барањето оставки од властите ниту е решение, ниту пак има некаква смисла, потенцира д-р. Пановски во нашиот разговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.