Никола Пановски е поранешен директор на Фондот за здравство. Според него можеби скопските општини Чаир, Аеродром,Бутел,Гази Баба и Сарај би требало да бидат ставени во целосен карантин!

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 мај, 2020 17:27

Пановски: Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел треба да се стават во карантин!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Познатиот македонски микробиолог Никола Пановски во изјава за Фокус вели дека бројките на заразени и починати сега и бројките од 22 април се исти, само што тогаш имаше полициски час до 16 часот и сите седевме дома, а сега сите мерки се олабавени.

Никола Пановски е поранешен директор на Фондот за здравство. Според него можеби скопските општини Чаир, Аеродром,Сарај, Бутел и Гази Баба би требало да бидат ставени во целосен карантин!

Пановски даде предлог општиноте каде е најголем бројот на заразени, Сарај, Аеродром, Гази Баба, Чаир и Бутел да бидат ставени воцелосен карантин како што тоа беше случај со Дебар.

Ако не цела држава, тогаш тие општини каде има најмногу заразени треба да бидат во карантин – додаде доктор Пановски за „Фокус“ .

Непосредно по целосното укинување на полицискиот час, Д-р Никола Пановски гостуваше во отвореното студио на ТВ 24 каде исто така истакна дека всушност таа одлука е признавање на пораз. Пановски и тогаш предложи во оние општини каде што има најголем број на заболени да се превземат поригорозни мерки.

За мене е неочекувано од медицински аспект и не гледам зошто сега би се олабавиле мерките кога бројот на активни случаи расте, така што меркиве немаат оправдание од тој аспект. Друго е да паѓаат па да се очекува. Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Границите не знам за кого би се отвориле, први јуни е многу рано и никој нема да не прими на 1 јуни да одиме. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести