Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса, кому му беше одреден притор од Судот во Велес.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2020 17:17

Панчевски во притвор во Шутка, самиот се пријавил во затворот!

Фото/Текст извор: ©МИА.мк

Поранешниот претседател на Кривичнит суд Скопје, Владимир Панчевски, од денска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје познат како Шутка, потврди за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.

Судскиот совет едногласно го разреши поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски во декември минатата година. Неговото разрешување е извршено врз основа на докажана одговорност за злоупотреба на системот АКМИС додека тој го водел Кривичниот суд.

Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19 е примен во притворското одделение.

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса, кому му беше одреден притор од Судот во Велес.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, а против него, како што соопшти вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, била распишана потерница.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, заради неприсуство на рочиштето за предметот АКМИС. На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести