Премиер на држава пред некој ден излага јавно и вика судството и обвинителството е зависно и предлага ветинг!

Објавил: admin@magazin | 5 декември, 2019 23:17

ПАНЧЕВСКИ: ДЕСКОВСКА ДУШО, ЗАБЕГА СКРОЗ – ТОЛКУ ТИ СЕЧЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за правда, Рената Дескоска вчера испрати циркуларно писмо до сите претседатели на судовите и до претседателот на Судски Совет.

Во испратеното писмо, министерката Десоска укажа на измените и дополнувањата на Законот за судовите од април годинава, со посебен фокус на основите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
Како основа за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, се предвидени случаите кога судијата без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени или на друг начин ја одолговлекува судската постапка.

Исто така доколку судијата не го земе предметот во работа заради што настанува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривичното дело.

Судијата Владимир Панчевски напиша фејсбук статус во кој вели дека една ваква држава како Македонија без кредибилитет, по вакви изјави на премиер на држава и министер за правда и правење партал и дно од целото правосудство, задолжително граѓаните во чие име судиите ги носат своите одлуки треба да побараат итно обезвластување на ова судство! 

– Десковска, знаев дека толку ти сече, ама ти забега душо!

Премиер на држава пред некој ден излага јавно и вика судството и обвинителството е зависно и предлага ветинг!
Опозицијата мисли дека судството и обвинителството е зависно од власта и дека постојано извршува нарачки од власта!
Граѓаните незадоволни од судството и обвинителството, ретко некој што има реален проблем во суд дочекал брза правда ја чекаат со години па и таа правда станува неправда!

А овие судииве и обвинителите си судат гајле си немаат, пишува Панчевски.
Што е заклучокот?

-Никој не ги сака ама им дозволуваат да си тераат бидејки си ги користат за дневна политика. Има една добра изрека секогаш политиката го пере својот валкан веш во судството!
Дури и во една ваква држава како Македонија без кредибилитет, по вакви изјави на премиер на држава и министер за правда и правење партал и дно од целото правосудство задолжително граѓаните во чие име судиите ги носат своите одлуки треба да побараат итно обезвластување на ова судство!

Мораториум на сите судски постапки со замрзнување на сите рокови додека не се расчисти со оваа изјава на премиерот и министерката кои еве три ипол години го отворија како пупка истово правосудство по кое нели сега фрлаат со дрва и камења!

Истото правосудство нели за Глобал и за Поткуп! 😉

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика