Постот на судијата Владимир Панчевски ви го пренесуваме во целост.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2019 11:08

Панчевски: ОЈО нема надлежност во случајот “Рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Судијата Владимир Панчевски во пост на својот Фесбук профил насловен како  “ПРАВО ПО МАКЕДОНСКИ” објаснува дека всушност Јавниот Обвинител Јовески и обвинителката Рускоска не смеат да водат случаи кои произлегуваат од “бомбите” како што во овој случај е актуелната бомба за случајот  “Рекет” со Боки 13 затоа што надлежноста за прислушуваните разговори ја има само СЈО.

Фејсбук статус на судијата Владимир Панчевски

Постот на судијата Владимир Панчевски ви го пренесуваме во целост.

ПРАВО ПО МАКЕДОНСКИ!

Чекај, чекај ако предметов “рекет” нели е поврзан и во врска со прислушуваните разговори, а неспорно е поврзан, па ОЈО и Јовески немаат надлежност над него да водат постапка спротивно на закон со исклучива надлежност на СЈО, а донесен по вољата на четирите политички партии…

Ајдееее… и сеа пак од почеток…

Калајџиев?
Лажетиќ?
Камбовски?
Ману?
Уставен?
Совет на обвинители?
Експертутки од малите екрани? Ениван???
ПРАВНА СИГУРНОСТ, ГАРАНЦИИ ЈОК! НАДЛЕЖНОСТ НЕ Е МАЛА РАБОТА!

Еа сеа освен ако ОЈО не презема на мала врата или сакаат да ја зафркнат опозицијата и оштетените или пак некоја итроштина на Заев, во секој случај манливо, ќе имаа можеби основ ако ја уапсеа Катица па нема кој друг да постапува ама вака Јовевски и Вилма го потонаа обвинителството ќе мора во обвинителството да има многу оставки!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести