Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи.

Објавил: admin@magazin | 15 ноември, 2020 19:46

Панчо од ДНК го истетовира македонското знаме и презимињата на нашите фудбалски репрезентативци (фото)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владимир Блажев познат како Панчо од ДНК на своето тело го истетовира македонското знаме и имињата на нашите репрезентативци во име на пласманот на Европското првенство.

Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи.

Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост.

Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.

Браво момци, херои наши!

МАКЕДОНИЈА на европско 2021, напиша легендарниот Панчо!

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го постигна победничкиот погодок на дуелот со Грузија!

Македонската фудбалска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата и за првпат ќе игра завршен турнир на Европско првенство.

Во финалниот натпревар од Лига Д на Лигата на нации, завчера во Тбилиси ја совлада Грузија со 0-1 (0-0)!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.