Лепа Брена купила 80 хектари земја на влезот во Нови Сад, каде планира наскоро да започне со изградба на луксузен станбен комплекс. Вредноста на таа инвестиција ќе биде повеќе од два милиони евра, дознава српски Курир.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 март, 2020 11:59

ПАРИТЕ ОД ГРАНД ОДАТ ВО НЕДВИЖНИНИ: Брена гради комплекс од 2 милиони евра во Нови Сад!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизнис план – На површина од 80 хектари на влезот во градот, пејачката ќе направи неколку луксузни згради, каде цената на метар квадратен ќе биде околу две илјади евра.

Лепа Брена купила 80 хектари земја на влезот во Нови Сад, каде планира наскоро да започне со изградба на луксузен станбен комплекс. Вредноста на таа инвестиција ќе биде повеќе од два милиони евра, дознава српски Курир.

Таа е позната како личност која покрај пеењето, секогаш правела и други работи од кои заработила многу пари, како што е увоз на енергетски пијалоци,  автомобили итн. Секако, таа имаше значителен прилив на пари, но повеќето се од „Гранд“, чиј сопственик, е заедно со Саша Поповиќ.

По продажбата на 25 проценти од акциите во Гранд Продукција, од кои се генерирани 7.650.000. најголемата ѕвезда на Балканот реши да продолжи да инвестира во бизнис.

Парите од продажбата на „Гранд“ не се инвестираат само во бизнисот со изградба на недвижнини, туку и во други бизниси. Брена во една прилика откри дека отвори винарија. Уште во 1986 година, таа имала свое вино наречено „Лепа Брена“, која работела со Сишев. Денес, благодарение на мојот сопруг, започнав нова линија и се надевам дека ќе им се допадне на дамите – откри Брена.

Со овој бизнис ќе работат Боба и Филип Живојиновиќ. За Америка ќе работи Филип а промоцијата за Хонг Конг ќе ја води Боба,   целта им е да го освојат кинескиот пазар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.