Јас сум цврсто убеден дека поради застарената технологија, итно треба да се размислува за набавка на нов авион за потребите на државните органи .Тунтеев беѓе убеден дека нема да има Тирансла платформа

Објавил: Едмонд Бекири | 3 март, 2019 18:19

Пари за амбулантни возила „тикви„ а за владин авион од 20 милиони евра има ?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска не мора во готово да се купува, има форми на лизинг, може со месечни отплати вели Тунтев, новиот директор Агенцијата за цивилно воздухопловсто во Интервју за „Независен весник“.Томислав Тунтев директорот за Агенција за цивилно воздухопловство рече дека тој е цврто убеден дека поради застарената технологија, треба под итно да се размисли да се купи нов авион за потребите на државните органи.

Еден таков авион може да чини помеѓу 15 до 20 милиони евра.За разлика од Тунтев кој тврди дека треба да се купи нов авион за употребите на владата, поранешниот пилот Кирил Каевски смета дека за сега нема потреба од никаков нов владин авион.

Каевски за Телма рече дека владиниот авион е многу безбедносно сигурен и нема причина од овој аспект да се купува нов ВИП-воздухоплов.-Единствено има логика да се купува доколку е потребен поголем простор затоа што во наредниот период се најавени интензивни посети на наши делегации поради интеграциите во НАТО и ЕУ, изјави Каевски.

-Јас сум цврсто убеден дека поради застарената технологија, итно треба да се размислува за набавка на нов авион за потребите на државните органи рече Томислав Тунтев директорот за Агенција за цивилно воздухопловство.

Но сепак Тунтев останува при својата замисла дека ако се купи таков авион, тоа ќе биде инвестиција што нема да се пати одеднаш, ниту ќе се прави без комплетна анализа.

„Со тој авион ќе лета и претседател на држава и премиер, претседател на собрание и не само што треба да ги задоволи потребите од организациски аспект туку и најсовремените безбедносни стандарди. Таков авион може да чини меѓу 15-20 милиони евра, но тоа е инвестиција што ниту се плаќа наеднаш, ниту се прави без комплетна анализа.

А имајќи ги предвид интегративните процеси што државата ги има во понатамошниот период, потребата од патување, особено до Брисел, Стразбур и другите ЕУ-центри за наши делегации, ќе биде сè поголема. Долгорочно, ако се имаат предвид цените на билетите во комерцијалната авијација, сигурно оваа инвестиција ќе биде исплатлива, вели Тунтев.

Амбулантните возила се се уште неостварлив сон за болните граѓани.

Пред извесен период министерот Венко Филипче збореше дека ќе се набават нови возила во новата 2019-та година, но јавноста ќе праша каде се, и дали стигнаа?

Подолго време нема амбулантни возила во Ченто, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец, во скопско Чучер Сандево, додека покривањето на здравствени услуги се обезбедени од други пунктови на итната медицинска помош.

Дали ќе се купат амбулантни возила за потребата на болните граѓани или побрзо ќе стигне новиот владин авион од 20 милиони евра, ќе видиме !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести