Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Објавил: Владо Марин | 21 мај, 2020 13:13

Партениј избран за владика – Бигорски станува епархиско седиште!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј е новиот епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а Бигорскиот Манастир станува епископско седиште, дознава „религија.мк“.

Синодот на МПЦ-ОА; го избра за владика на денешната седница на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.

Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.

Бигорски манастир Свети Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани