Премиерот на Албанија, Еди Рама, по корупцијата и криминалот во својата партија, со партиска чистка пред се поизвесните предвремени избори за пратеници во државата

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 7:04

Партијата на Рама разреши 11 претседатели на општински ограноци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателството на албанската владејачка Социјаистичка партија на седница одлучи да ги разреши претседателите на 11 општински ограноци.

Разрешувањето е поради „неисполнување на задачите и целите, како и негрижата во оние партиски ограноци каде локалната власт ја раководи опозицијата“.

По седницата, одржана без присуство на медиумите, пратеничката Елиса Спиропали најави дека списокот со имињата на сменетите претседатели на општински ограноци ќе биде и јавно соопштен подоцна.

Таа истакна дека ќе има смена и на директори.

Се прави анализа и на успешноста на диреторите, по што ќе се донесе одлука и за нивно разрешување. Во моментот правиме анализа на раководењето. – посочи таа.

Претседателот на партијата и актуелен премиер Еди Рама побарал од секој пратеник да ги идентификува директорите кои не работат како што треба, бидејќи, според него, директорите со лошото раководење и корупција го оцрниле лицето на социјалистите.

Седницата на претседателството на Социјалистичката партија се одржува неколку дена по апсењето на поранешниот генерален директор на албанските затвори, Арбен Чако и поранешниот пратеник Арбен Ндока.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.