Парфемот на Фатиме Фетаи за време на судењето за предметот „Титаник2„ во старата зграда од кривичниот суд, бил главна тема муабет откако обвинителката поминала покрај присутните во чекалницата.

Објавил: Македонка Димкин | 15 септември, 2018 23:49

Парфемот на обвинителката Фетаи Фатиме ги стаписа сите во судот!

Фото/Текст извор: ©репортер.мк

Парфемот на Фатиме Фетаи за време на судењето за предметот „Титаник2„ во старата зграда од кривичниот суд, бил главна тема муабет откако обвинителката поминала покрај присутните во чекалницата. Тој ден му се судеше на Сашо Мијалков , оној Сашо Мијалков за кој се зборува дека ја поседува „пола Македонија„ во недвижнини.

Пред да влезе во судницата според Репортер, обвинителката разговарала на телефон во близина на присутните, па речиси немало кој не искоментирал дека Фатиме мириса „секси и женствено„

Облечена во елегантен костум во смирени тонови, обвинителката и овој пат не потфрли со стилот на облекување.

Поради Фатиме, судот во старата зграда замириса на убаво. И мажи и жени, сите присутни, коментираа дека Фетаи опи со парфемот, кој, според мирисната нота, го отсликува карактерот на обвинителката. И додека присутните седеа во чекалницата, Фатиме наоколу се шеташе и разговараше на мобилен. А кога замина, речиси сите коментираа !„Ам добар, парфемов! раскажа еден од присутните во кривичниот суд.

Фатиме за порталот Фемина.мк прозборе и повеќе…

Фатиме Фетаи, јавен Обвинител во СЈО. Цврсто сум убедена дека вложувањето во себе, во вашето образование, во изградба на вашата личност е најголемата инвестиција. Според мене, не треба да се трудиме да бидеме подобри од другите. Секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од самите себеси.

На 26-годишна возраст ме избраа за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје. Гледано од денешен аспект, веројатно ме посака среќата затоа што бев избрана на таа функција, бидејќи подоцна како избор на една силна и храбра жена, почитуваната госпоѓа Катица Јанева, влегов односно учествував во најголемата правна битка која досега ја имало во оваа држава.

Во оваа битка влегов со бебе од 4 месеци, мојот помал син Лео, во овој момент не го спомнувам случајно, всушност ништо не оставам на случајноста, туку да послужи како дополнително охрабрување или мотивација за сите оние жени кои во раѓањето на деца гледаат како на некаква пречка за нормален тек или напредување во кариерата којашто си ја замислиле.

Она што се случуваше од мојот избор во Специјалното јавно обвинителство до денешен ден претпоставувам дека веќе ви е познато од секојдневните пишувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Убавина

Во истиот овој период, поради возбудата, нејзината физичка појава е уште попривлечна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи.

Вљубувањето го менува телото на жените

Во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин...

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина.

СКОПЈЕ ПОБОГАТО ЗА НАД 3.000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ – СЕ ИСЦРПИЈА СИТЕ СРЕДСТВА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди...