Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јуни, 2019 18:15

Шилегов дели торти по повод неговиот роденден! ПАРЧЕ ТОРТА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Фото/Текст извор: ©фејсбук / магазин

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов го прослави педесеттиот роденден и по тој повод доби безброј роденденски торти од своите колеги, кои ги подари на децата со попреченост во развојот како и во Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи се заблагодари на сите за честитките по повод неговиот роденден и рече сите луѓе да се радуваат на животот и заедно сите да славиме убави моменти.

Шилегов напиша дека една од најголемите желби за радост му се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Подарените торти од својот роденден тој ги подари на децата со попреченост во развојот како и во Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов сите роденденски торти коишто денес ги доби, ги испрати за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневниот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија. Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти. Фото Фејсбук

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневниот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни.
Исто така, ја користам оваа прилика на благодарност, да повикам да помогнеме и донираме средства за:
– Здружението “Трисомија 21” за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896
Да се сакаме, да се грижиме и чуваме сите заедно!
Благодарам на сите!!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани