Казната за пушење во авион достигнува и до 3000 евра

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2019 12:48

Патник пушел цигара во авион, приведен е на Скопскиот аеродром

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Патник на летот Брисел-Скопје на авиокомпанијата „Виз Ер“ пушел цигара во авионот, по што бил приведен од полицијата на Скопскиот аеродром, потврдија од МВР, објави Сакамдакажам.

Патникот запалил цигара во тоалетот на авионот, по што екипажот го пријавил случајот на аеродромот и побарал асистенција од полиција.

Откако авионот слетал на скопскиот аеродром 25 минути по полноќ, патникот бил предаден на полицијата.

Според правилата на авиокомпанијата, пушењето во авион, вклучувајќи класични и електронски цигари, е строго забрането без оглед на должината на летот.

Како што стои на сајтот на Виз Ер, последиците за непочитување на оваа забрана се парична казна до 3.000 евра и апсење од локалната полиција.

Патници кои редовно летаат на линијата Скопје-Брисел велат дека и покрај строгите казни, се случувало и претходно во авионот да не се почитува забраната за пушење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани