Досега три лица починаа по несреќата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул што се случи вчера.

Објавил: Македонка Димкин | 6 февруари, 2020 11:52

Патник раскажа како биле последните 30 секунди во авионот кој се распарчи!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Досега три лица починаа по авионската несреќа на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул што се случи вчера. Турските медиуми јавија дека 180 луѓе се повредени.

Авионот на „Пегасус ерлајнс“ полетал од Измир, а несреќата се случила при слетување на аеродромот во Истанбул. Авионот се излизгал околу 60 метри од пистата и се преполовил откако паднал во ров висок 30 метри.

» Се движевме околу 20 до 30 секунди. Потоа, авионот одеднаш излета од пистата. Сѐ се случи за само неколку секунди. Беше целосен хаос – вели еден од патниците.

Се движевме околу 20 до 30 секунди. Потоа, авионот одеднаш излета од пистата. Сѐ се случи за само неколку секунди. Беше целосен хаос – вели еден од патниците.

Тој објасни дека откако авионот се преполовил, тој видел дека предниот дел е во ужасна состојба.

» Откако почувствував дека можам да излезам од моето седиште, веднаш го сторив тоа – изјави друг патникот.

Тој помогнал на неколку други патници да излезат надвор од урнатиот авион, а потоа веднаш почнале да трчаат бидејќи стравувале од експлозија.

Очевидецот Хасан Ејардин, кој се нашол во близина на аеродромот, го снимил целиот настан и се обидел да помогне.

» Откако слушнавме голем татнеж, се обидовме да пристапиме и да помогнеме, но бевме спречени од голем канал и не бевме во можност да стигнеме до урнатиот авион – изјави Ејардин.

Обвинителството во Анкара отвори истрага за несреќата. Аеродромот „Сабиха Гокчен“ е затворен за сообраќај, а летовите се пренасочени кон новиот аеродром во Истанбул.

Длабоко сме погодени од несреќата. Но, избегнавме поголема трагедија, бидејќи во урнатиот авион имаше можност да избувне пожар – вели Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул.

Според првичните информации, во несреќата немаше жртви, но тројца повредени им подлегнале на повредите во болница. Во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...