Скоро половина од тестираните патници позитивни на корона вирусот, 19 членови на екипажот и 2 патници

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 7 март, 2020 13:54

ПАТНИЦИ ЗАГЛАВЕНИ ВО БРОД: 21 потврден случај на корона вирус досега

Фото/Текст извор: ©Guardian

Патници од повеќе од 50 земји низ светот се заглавени на бродот „Гранд Пирнцес“ кој отпловил од Сан Франциско. Засега се теситрани 46 луѓе кои имале сомнителна здравствена слика, а скоро половина од нив се позитивни на корона вирусот. Потврдено е дека вкупно 21 случај на позитивни на корона вирус има во заглавениот брод „Гранд Пинцес“ од кои 19 се членови на екипажот, а 2 се патници. 

Потврдени се нови два смртни случаи во САД, поточно на Флорида и со тоа бројот на смртни случаи во САД се искачи на 16. Во моментот се препоставува дека 100.000 луѓе се заразени со корона вирусот. 

Во последниот период најпогодени со корона вирусот се Италија и Иран каде бројот на заразени со корона вирусот изнесува 4636 односно 4747 случаи на корона вирус. Италија презема драстични мерки за спречување на пандемија. Затворени се сите јавни објекти, ограничено е движењето низ јавните места, забранети се масовните собири, а влезот и излезот на границите се ставен под надзор и контрола. 

Министерството за Здравство вчера потврди два нови случаи на заболени од корона вирусот. Се работи за сопружници од Дебар кои во Македонија допатувале од Италија со автобус пред скоро 10 дена.

Ситуацијата е алармантна и на Балканот, вчера и Србија потврди случај на заболен со корона вирусот. Во Македонија пак се појавија два нови слуачи за зараза со корона вирусот. 

Имено вчера, сопружници од Дебар покажале симптоми на настинка при што се пријавиле на преглед во медицинските установи. Под сомнение дека симптомите покажуваат заразеност со корона вирусот, медицинските установи случајот го пријавиле во Министерство за Здравство. Од таму испратиле екипа на епидемилози и припадници на Министерство за Внатрешни работи кои по потребните испитувања потврдиле дека двајцата сопружници се позитивни на корона вирусот. 

При спроведеното интервју од страна на епидемиолозите, утврдено е дека брачните сопружници од Италија се вратиле на 27.02.2020 година во Дебар. При тоа патувале со автобус а бројот на патници во автобусот бил измеѓу 40-60. 

На вчерашната прес-конференција Венко Филипче, истакна дека утврдено е дека сопружниците имале контакт само со братот на заболената. Но со однос на тоа дека патниците во автобусот биле во толкав број, постојат ризици дека уште некој од патниците е носител на вирусот. Со однос на брзината на негово ширење, ризикот за појава на нови случаи на заразени со корона вирусот е голем. Отежнувачка околност е тоа што периодот на инкубација трае од 2 до 14 дена, па додека да се појават симптомите и бидат изолирани заразените, тие несвесно го шират вирусот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести