(ФОТО) Компанијата на Муковски доби тендер вреден 1,2 милиони евра за изградба на објект

Објавил: Македонка Димкин | 17 јануари, 2020 12:26

„Патриотот„ Мукоски награден со уште еден тендер од 1.2 Мио Евра

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешнииот пратеник Крсто Муковски кој се колнеше кај Мицкоски дека нема да ја изневери матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, кој епресно беше донесен од притвор и после  гласаше за промена на името  , преку неговата компанија ,,Атриум ДОО” од Вевчани доби тендер од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор.

На 30 декември 2019 година неговата компанија ,,Атриум ДОО” од страна на државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор доби тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.

Сашо Мијалков домаќин на работната вечера во хотелот Мериот

Сашо Мијалков, вечерта кога бил приведен и притворен, бил домаќин на работната вечера во хотелот Мериот, заедно со групата од осумте одметнати пратеници: Мукоски, Арнаудов, Василевски, ЕМИЛИЈА АЛЕКСАНДРОВА, Канческа Милевска, Авировиќ, Рамчиловиќ и Исмајлоска Старова.
Тема на разговор бил предлог законот за амнестија кој овие пратеници го подготвуваат заедно со високи претставници од министерството за правда, но и во консултација со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, сегашен адвокат на фирмата “Кожуфчанка“. Замислата на новата пратеничка група била


Друштвото за приредување на игри на среќа Макс Бет, во чија сопственичка структура се наоѓа компанија во сопственост на семејството на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, почнува да формира мрежа на обложувалници во Скопје и други градови низ Македонија, откако пред половина година доби лиценца од владата за првата обложувалница, објави Фокус.
Според податоците од Централниот регистар, компанијата за коцкање и обложување моментално има регистрирано 25 подружници за приредување на игри на среќа, кои во најголем дел се наоѓаат во Скопје (Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров), но и во други градови, како Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево.
Притоа, управител на сите подружници е поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Македонски шуми, Владимир Бахчоваковски, кој воедно фигурира и како малцински косопственик во компанијата со влог од 25.000 евра.
Како доминантни сопственици на македонската Макс Бет моментално се јавуваат истоимената српска компанија на Саша Марчета и домашната компанија Бест Веј Инвестмент, која е во сопственост на синот на Мијалков – Јордан Мијалков, чие учество во главнината на друштвото изнесува по идентични 237.500 евра.

предлог законот да биде со што поширок опфат, а во однос на тајмингот имале заеднички став да се бараат цврсти гаранции од премиерот Заев дека законот ќе се изгласа пред второто дво-третинско гласање за уставните измени. Мијалков, според нашиот извор, извор на Магазин, ги уверувал пратениците дека е во редовна комуникација со братот на премиерот Заев и дека се што ќе договорат заеднички ќе биде и реализирано.

Но, на изненадување на пратениците, работната вечера била прекината од припадници на полициската единица “Алфи“, кои дошле, го легитимирале Сашо Мијалков, и во регуларна и коректна атмосфера го спровеле надвор до полициското возило за превоз до притворското одделение во затворот “Шутка“.
После притворањето на Мијалков, со уште поконкретни забелешки на таа тема се надоврзале пратеничките Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова.

Имено, Канческа Милевска му е многу блиска на Мијалков, а особено продуктивна и тесна соработка имале во однос на градежните работи на објектите од проектот “Скопје 2014“.

* ЕМИЛИЈА АЛЕКСАНДРОВА пак му е снаа за братучед на Мијалков и лично тој е заслужен што таа се вработила во Управата за безбедност и контраразузнавање во времето кога Сашо беше директор на УБК.
Александрова и Канческа Милевска биле категорични, нема да гласаат за уставните измени во Јануари следната година, доколку владата, не го почитуваат договорот кој бил постигнат со посредство на Сашо Мијалков пред првото гласање на 19ти Октомври.

Дел од договорот била амнестијата за Мукоски, Василевски и Арнаудов, преиначување на осудителната пресуда за синот на Владанка Авировиќ, одмрзнување на имотот на фирмите на Сеат Кочан (многу близок на пратеникот Рамчиловиќ), како и заташкување на процесот “Тендери“, во кој првоосомничена е поранешната министерка Канческа Милевска.

После притворот на Сашо Мијалков, новата пратеничка група била во сериозна дилема за кредибилноста на договореното, а двете пратенички Александрова и Канческа Милевска категорични дека доколку Мијалков се најде на удар на власта, следниот пат нема да го дадат својот глас за смена на Уставот.
Следниве денови е закажана седница на собраниската комисија за помирување, каде членуваат дел од осумте пратеници на Сашо Мијалков, па тоа ќе биде прилика да се слушнат нивните ставови и пораки после новонастанатата состојба со бегството на Груевски и притворот за неговиот братучед.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести