Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања” – изјави за Телма, Стојко Пауновски.

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2021 19:29

Пауновски за paзpeшувањето: „Простете им, не знаат што прават“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, откако тој прими 35 рамковни вработени кои му беа упатени за вработување, заради несоодветни квалификации.

„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават.

Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања” – изјави за Телма, Стојко Пауновски.

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.

Тој рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование, по што премиерот му се закани со смена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.