Судење исполнето со иронија, Мијалков од притвор доцни час и 15 минути на рочиште, полицијата пред Суд му го чува непрописно паркираното возило на Мендух Тачи

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 12:27

“Пајакот” не го крена автомобилот на Тачи (видео)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако рочиштето на кое првообвинети се Мијалков и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со доцнење од еден чад и 15 минути започна, вистинската моќ на власта се манифестираше пред Кривичен суд.

Имено пред Кривичниот Суд во Скопје своето возило го паркирал Мендух Тачи, кој е на судење а кое не беше кренато од Пајак службата иако беше непрописно паркирано.

Тој во моментот додека Мендух се наоѓаво судот каде тече рочиштето за случајот „Титаник 2“, каде е обвинет за изборни нерегуларности, полицијата или судската полиција го чува возилото на владиниот коалиционен партнер.

Видеото го објави ТВ 21 , погледнете:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.