петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Мал пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, тогаш на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2020 8:55

Пеколни температури- за викендот пад на температурите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските предели не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некаде од 9 до 10.

Потоа од утре во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менувааат, што значи ќе останеме под топлиот Африкански воздух.

Мал пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, тогаш на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.