Бетс (24) пред пукањето поминал повеќе од еден час во барот во кој влегол со сестрата Меган и пријјателот.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 17:51

ПЕКОЛОТ ТРАЕЛ 7 МИНУТИ!Камерите снимиле што правел убиецот: Бил во клубот со сестрата и другар, а потоа испукал 44 куршуми

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Снимките од безбедносните камери покажуваат што правел Конор Бетс неколку часа пред да почне со пукање во луѓето во Дејтон, Охајо.

Бетс (24) пред пукањето поминал повеќе од еден час во барот во кој влегол со сестрата Меган и пријјателот.

Конор премногу не се забавувал, седел покрај шанкот. На себе имал маица кратки пантолони и патики. На снимката не се гледа елек и маска што подоцна ги носел за време на пукањето.

Како што пишуваат медиумите, тие тројца велгле во споменатиот бар во Дејтон во саботата вечерта, околу 23.09 часот. Бетс влегол прв и добил идентификациона нараквица, а зад него и неговото друштво.

Полицијата соопштила дека мажот кој бил со убиецот во друштво е Чарлс Бирд. Утврдиле дека нема никави знаци дека тој или сестрата на Бертс таа вечер биле свесни дека Конор носи со себе оружје.

Отприлика еден час пред влегувањето во барот, во 00.13 часот покрај излзот раззогвара со некое лице, а потоа излегува од барот. Бирд и Меган останале во клубот до 00.59 часот, каде и тие го напуштиле објектот.

Полицијата додава дека на снимката не може да се види дали имало некакви расправии меѓу Бетс и неговата сестра.

Потсетуваме, околу 1 часот наутро, полицијта примила повик за пукање во центарот на Дејтон. Бетс со огнено оружје уби 9 лица, вклучувајќи ја и сестрата Меган.

Испукал 44 куршуми пред да го убие полицијата.

Тејлор Мејбери, која била во барот кога почнало пукањето, изјавила дека се сокрила во тоалетот кога слушнала пукање.

– Слушнав неколку пукања и видов дека сите легнуваа на земха… Никогаш немав вакво нешто искусено така што се заледив и истрчав најак тоалетот. Видов како луѓето се обидуваат да дојдат до изелзеот, раскажала таа.

Меѓу последните влегла во тоалетот каде таму се криеле и други луѓе. Рекла дека во тоалетот била околу 7 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.