Неколку инструменти кои вршат мерење, вклучувајќи и еден на метеоролошката станица сместена во највисокиот дел од централното подрачје на Гренланд, ретко може да се забележи покачување на температурата до 0 степени. Но, на 30 јули се случи нешто неочекувано, а температурата во тој дел од островот не само што ја достигна споменатата температура, туку и ја надмина истата.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 12:31

Пекол на земјата, планетета се топи: На Алјаска температурата е 32 степени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На крајот на јули дојде до најголемо топење на Гренланд, тоа се неколку милијарди тони вода слеани во Атланскиот океан, што автоматски доведе до подигнување на светското ниво на морињата.

Истовремено на Алјаска се забележени рекордни температури додека во Сибир има пожари, а пожарот зафати три милиони хектари шума.Големи последици од жешкиот бран се чуствува и ширум Европа каде во повеќето држави измерени се највисоки температури откако се прават мерењата.

Топењето на глечерите директно предизвикуваат топла воздушна маса која до Гренланд дошло откако во Европа имапе неверојатни високи температури, Тоа го покжуваат и податоците со кои располага НАСА, може да се забележи колку воздушната температура последната недела од јули беше над просекот во однос на минатиот период. До овие податоци дошле со примената на Годард системот за набљудување на Земјата (GEOS), а кој укажува на температурата измерена на висина од 2 метри над земјата.

Неколку инструменти кои вршат мерење, вклучувајќи и еден на метеоролошката станица сместена во највисокиот дел од централното подрачје на Гренланд, ретко може да се забележи покачување на температурата до 0 степени. Но, на 30 јули се случи нешто неочекувано, а температурата во тој дел од островот не само што ја достигна споменатата температура, туку и ја надмина истата.

За да биде целата ситуација подраматична, зголемувањето траело цели 11 часа!

Ова е скоро двојно од бројот на последното големо топење од јули 2012 година.

Високите температури предизвикуваат водата создадена со топење на глечерот да се концентрира на површината на ледениот лим.

Ова го покажува и фотографијата направена од НАСА на 30 јули во северозападниот дел на Гренланд, на самиот раб на ледениот лим. Топењето во текот на летните месеци е вообичаено овде во периферијата.

Сепак, истото не може да се расправа за растворливата површина што зафаќа скоро еден милион квадратни мраз, како што било на 30 и 31 јули. Сепак, треба да се каже и дека површината што се топи денес е многу помала од онаа од 2012 година. Една од причините за тоа е невообичаената траекторија на топла воздушна маса, која дојде на исток оваа година наместо од запад, што инаку е случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.