Мојата цел е да ја истакнам важноста на одредени проблеми, кои не беа истакнати, и би сакала да бидам пример со дејствувањето – рече Ѓоргиевска.

Објавил: admin@magazin | 16 ноември, 2019 19:12

Пендаровска: Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, ја избришав од веб-страницата на Претседателот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, затоа што отсекогаш верував во еднаквост на сите луѓе и на сите жени, вели сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска од Кенија. 

Првата работа што ја направив беше да го сменам ова од веб-страницата на Претседателот, рече сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска од Кенија, каде учествува на Најроби Самитот, што се одржува на 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD).

– Но, кога мојот сопруг стана Претседател на земјата, бев сведок на ситуација кога на луѓето им требаше некој да обрнува внимание на нивните проблеми, не мора да значи дека секогаш би можела да ги решам, но понекогаш им требаше некој што ги слуша. Јас немам моќ да ги менувам законите, но би можела да работам на подигање на свеста за проблемите.

На луѓето им треба водство и лидерство. Им требаат луѓе со визија за да го променат општеството на подобро. Мојата цел е да ја истакнам важноста на одредени проблеми, кои не беа истакнати, и би сакала да бидам пример со дејствувањето – рече Ѓоргиевска.

– Треба да ги забрзаме напорите повеќе од кога и да е, и да го подобриме долгорочно здравјето на сите. Неопходно е обезбедување еднаков пристап до квалитетна и сеопфатна примарна здравствена заштита за сите жени во текот на целиот живот, потоа, развој на координиран систем на грижа и обезбедување грижа специфична за здравствените потреби на мајките, за секоја бремена жена и новороденче, така што жените ќе раѓаат безбедно – рече во дебатата сопругата на претседателот.

На Самитот во Најроби, што се одржува од 12 до 14 ноември во организација на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), учествуваат повеќе од 6.000 делегати и со неговото одржување се очекува да се мобилизира политичката волја и финансиските заложби итно потребни за исполнување на програмата на ICPD. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.