ЕУ, посочи Пендаровски, треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 4 јуни, 2019 14:07

ПЕНДАРОВСКИ:„Ако ЕУ не ни го даде заслужениот датум за преговори, ќе ги демотивира граѓаните„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На конференцијата на Подгоричкиот клуб, претседателот Стево Пендаровски порача дека регионалната соработка е клучна за развој на нашите држави и овозможува поврзување на сите нивоа.

Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје изјави дека подготвени сме да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ.

Тој посочи дека членството во ЕУ и во НАТО е нашиот највисок стратешки приоритет. Изразив надеж дека и ЕУ ќе го следи примерот на НАТО и ќе даде датум за почеток на преговорите.

Како што рече Стево Пендаровски, Европската Унија, треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.

– Доколку на Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување. Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел.

Да им го даде ЕУ на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира граѓаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион. – рече претседателот Пендаровски.

Претседателот рече дека минатата недела добивме чиста и безусловна препорака за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.Тој изјави дека за да стигнеме до тука не беше ниту малку лесно.

За многу кратко време успеавме да решиме децениски прашања. Македонија е единствената држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи, туку само отворени перспективи. – посочи Пендаровски.

– Подготвени сме да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ. Членството во ЕУ и во НАТО е нашиот највисок стратешки приоритет. Изразив надеж дека и ЕУ ќе го следи примерот на НАТО и ќе даде датум за почеток на преговорите. Преговорите за членство ќе бидат кохензивен фактор во нашето мултиетничко општество. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.