Но, очекувам и барам истрагата да заврши во најкус можен рок, да се утврди причината за пожарот и соодветно да се понесе одговорност. Ова е најмалку што им го должиме на блиските на настраданите.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2021 15:17

Пендаровски: Барам истрагата да заврши во најкус можен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата рече дека има различни шпекулации за причините за пожарот и затоа треба да се знае дека во овој момент нема такви индикации.

Ние имаме доволно стручни кадри, не се сомневам дека за кратко ќе ја дознаеме вистинската причина. Она што сакам да го кажам во врска со различните шпекулации дека можеби пожарот е подметнат, дека има врска со 30-годишнината од независноста, дека има конспирации за тоа, до овој момент нема никакви индиции дека ова е направено намерно, со цел да се постигне некаква друга политичка цел. Меѓутоа, тоа на крајот ќе го каже надлежниот јавен обвинител“, нагласи Пендаровски.

Загубата на семејствата чии блиски починаа во трагедијата во Тетово, за жал, никој и ништо не може да ја надополни.

Но, очекувам и барам истрагата да заврши во најкус можен рок, да се утврди причината за пожарот и соодветно да се понесе одговорност. Ова е најмалку што им го должиме на блиските на настраданите.

Уште еднаш, мое искрено сочуство за сите починати. На повредените, им посакувам поскоро опоравување, изјави Пендаровски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести