Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Објавил: admin@magazin | 25 јануари, 2021 17:20

ПЕНДАРОВСКИ БЕЗ МИСЛЕЊЕ ГО ПОТПИША УКАЗОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

После речиси две децении конечно ќе спроведеме попис во државата.

Ја поздравувам одлуката на пратениците за спроведување на попис и носењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, вели премиерот Заев!

Институциите се целосно подготвени, пописот ќе се спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, според меѓународните стандарди и критериуми на Евростат.

И Европската Комисија нотираше дека е постигнат добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението и тестирањето на новата методологија која ќе се користи за спроведување на истиот.

Оваа статистичка операција е основната алатка за креирање на развојните политики на државата. Затоа пописот во 2021 ќе се спроведе – не затоа што премиерот Заев така рекол. И не затоа што Мицкоски така сака или не сака. #Попис2021 ќе има затоа што развојот на Македонија нема да биде можен без резултатите од овој попис, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести