Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни, надживеал империи, држави и идеологии.

Објавил: Владо Марин | 18 октомври, 2020 12:43

Пендаровски: Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонското светилиште, манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес ја одржува централната прослава по повод јубилејот 1.000 години постоење, која започна со Божествена Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ, г.г Стефан.

По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни, надживеал империи, држави и идеологии.
На моменти бил и затворан, но никогаш не бил заборавен.

По секоја несреќа, монасите, заедно со народот, го обновувале ова светилиште, достигнувајќи нови духовни и уметнички височини, прераснувајќи во извор на духовноста, писменоста и преродбата.

Денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето.

За многу страдалници од различни генерации, држави и религии, Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот. Созидан од бигорскиот варовник и постојаните молитви.
Нека е честит големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, рече Пендаросвски!

На г. г.Стефан му беше врачено највисокото милениумско признане на Бигорскиот манастир-лента со ѕвезда со ликот на чесниот Претеча.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.