Богојавление нè потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанската вера. Преку овој чин на ново, духовно раѓање се потврдува смислата на суштествувањето на секој верник.

Објавил: Весна Петровска | 19 јануари, 2020 10:12

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни христијани.

Богојавление нè потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанската вера. Преку овој чин на ново, духовно раѓање се потврдува смислата на суштествувањето на секој верник.

Да не дозволиме во постојаната борба со материјалните предизвици нашите животни врвици да останат без идејна и морална крепост и да продолжиме да се стремиме кон зачувување на духовните вредности – се наведува во честитката на претседателот.

Пендаровски на членовите на Светиот архиерејски синод и на сите православни верници им посакува празникот да го минат во мир, радост и среќа.

На Водици кога се осветуваат водите, посакувам најискрено во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието кои ќе ги споделуваме со сите наши сограѓани придонесувајќи за наша лична и добробит на целата заедница – истакнува Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести