Битката со вирусот сигурно ќе ја добиеме, но не смееме да се опуштаме.

Објавил: Владо Марин | 30 мај, 2020 14:50

Пендаровски: Вонредната состојба ќе продолжи уште 14 дена!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По денешната седма седница на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонрендна состојба во Република Македонија!

Денешната одлука, претседателот на државата, рече дека нема никаква поврзаност со преговарањата околу датумот за избори, туку е донесена врз основа на зголемениот број на новозаразени со ковид-19, а е со цел Владата и останатите институции поефикасно се справат со ситуацијата!

„Мора да се санкционираат граѓаните неселективно, без разлика на етничката припадност“, рече Пендаровски!

Имајќи ги предвид зголемениот број на заразени и починати наши сограѓани, донесов одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Сакам да потенцирам дека оваа одлука ја носам исклучиво за да и се овозможи на владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско социјалните ефекти од пандемијата и не е поврзана со датумот на предвремените парламентарни избори. Битката со вирусот сигурно ќе ја добиеме, но не смееме да се опуштаме.
Мора до крај сите да останеме совесни и одговорни и да се грижиме, како за своето, така и за здравјето на нашите блиски“, изјави денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, смета дека продолжувањето на вонредната состојба за нови 14 дена е доволна за партиите да го договорат датумот за изборите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.