Пендаровски кажа дека го потпишал и указот за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со кој се предвидува формирање Совет за координација со кој ќе претседава премиерот, поради, како што рече, дополнување направено во последен момент.

Објавил: Весна Петровска | 22 јуни, 2019 10:59

Пендаровски го комплетира новиот Совет за безбедност

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во емисијата 360 степени на ТВ Алсат М беше гостин претседателот на државата Стево Пендаровски, каде зборуваше за актуелните политички теми во земјава, покрај Гоце Делчев беше прашан и за комплетирањето на составот на Советот за безбедност.

Тој изјави дека тројцата членови кои на негов предлог ќе бидат дел од ова советодавно тело на шефот на државата, кое брои девет членови, се првиот министер за одбрана во независна Македoнија, Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ, Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ, Ненад Марковиќ.

Останатите шест члена кои се дел од Советот по функција се: претседателите на државата, на Собранието и на Владата, како и министрите за внатрешни, за надворешни работи и за одбрана.

Пендаровски кажа дека го потпишал и указот за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со кој се предвидува формирање Совет за координација со кој ќе претседава премиерот, поради, како што рече, дополнување направено во последен момент.

-Првата надлежност на Советот за координација во кој координира и е главен премиерот, е да ги имплементира препораките од Советот за безбедност што е кај претседателот на државата. Тоа не беше во сите верзии до крајот на кампањата. Да не ми се налутат луѓето од владејачките партии, но знаете ли на чие инсистирање е внесена таа одредба, сосема на крајот на завршните сесии на таа експертска комисија? На предлог на претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Им благодарам за тоа. Да не го именувам, пратеник е, кој има искуство во таа сфера. Рекол ова оди во таа насока, треба да имаме баланс, изјави Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести