Тој рекол дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но дека државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.

Објавил: Весна Петровска | 23 ноември, 2019 15:20

Пендаровски : Да не сум претседател, јас веднаш би се иселел од својата држава

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски рече во Нови Сад дека би се иселил од својата држава да не е претседател „никој не е луд да го бара својот живот во тие години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“.

Тој рекол дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но дека државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.

– Малиот Шенген е една од иницијативите, но таа нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме целосно зависни од концепрот на Еворпската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум на млади лидери.

Претседателот на Македонија рече дека процесот за проширување на ЕУ ќе потрае бидејќи „имаме инфомации дека во државите членки ќе има многу проблеми“ поради новата меточогија која ја предложи Франција.

– Ако се обидеме на Балканот да направиме мала ЕУ тогаш имаме шанси да ги задржиме младите луѓе овде и да трансформираме наше друштво, но вистински, не бирократски, рекол Пендаровски.

На Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Словенија, Борут Рахор.

Пендаровски е во дводневна посета на Србија која завршува денеска, а во склоп на вчерашниот ден тој се се виде и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ , премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на Собранието…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика