Мислам дека кога ќе го ставите на страна фактот дали да му дадеме 15 години робија на Крсто Мукоски кој отварал врата во Собранието, а демонстрантите секако ќе влезеа и без тоа, рече Пендаровски.

Објавил: admin@magazin | 3 мај, 2019 10:47

Пендаровски: “Демонстрантите ќе влезеа во собрание и без Мукоски да ја отвореше вратата”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, одговарајќи на прашања од новинарите по средбата со иницијативата „На мегдан„ рече дека иако му се дадело 15 години робија на Крсто Мукоски кој отворал врата во Собранието, демонстрантите секако ќе влезеле и да не беше тоа отворање на врата. 

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател од СДСМ на прашања од новинарите по средбата со иницијативата „На мегдан„ изјави дека амнестијата на дел од обвинетите за случувањата од 27 април во Собранието, е направена поради перспективите, од политичка смисла, за државата што се отвораат во насока на реализација на стратешките цели.

Пендаровски мисли исто така дека кога ќе се стави на страна фактот дали да му се даде 15 години робија на Крсто Мукоски, кој отварал врата во Собранието, демонстрантите секако ќе влезеле и да не било тоа отворање на врата.

Мукоски, Љупчо Димовски, Сашо Василевски, Тарчуловски и Љубен Арнаудов, заедно беа незаконски притворени, тормозени и влечени по судови. Сите тогаш беа солидарни и си даваа поддршка еден на друг. Но, кога дојде време да се гласа за смена на Уставот, поцврстите (Тарчуловски и Љупчо Димовски) издржаа и гласаа против, но послабите како Мукоски и Арнаудов, ги поддржаа уставните измени на Заев и како награда за тоа добија закон за политичка амнестија. Мукоски освен слобода, дополнително доби и награда од владата на Заев преку потпишување на пет тендери за семејната фирма “Атриум“, во вредност од 950.000 евра. 

 „Промената на Уставот што требаше да произлезе од Преспанскиот договор за новото име да важи и во внатрешниот правен поредок бараше две третини, во тој момент ние се соочивме со барањето на две добра. Чиста правда и отворање на евроатлантските врати. Кога ја видов содржината на законот за амнестија, ми олесна. Мислам дека кога ќе го ставите на страна фактот дали да му дадеме 15 години робија на Крсто Мукоски кој отварал врата во Собранието, а демонстрантите секако ќе влезеа и да не беше тоа отворање на врата.

„Од друга страна имате потреба да направите две третини за да го промените Уставот, со што дефинитивно на сите нас и сегашни и идни генерации ни се отвораат вратите на развиениот свет, за мене беше јасно како човек кој беше еден од нападнатите дека е подобро тоа да го направиме отколку да одиме со неселективно казнување и на луѓе кои не употребиле насилство ниту имале намера да организираат употреба на насилство„ рече Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести