Стево Пендаровски, денеска испрати писмо до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2020 9:03

Пендаровски до Вартоломеј: Употребете го своето апелационо право, нашите граѓани од православна христијанска вероисповед да бидат еднакви со другите во светот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска испрати писмо до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година. Во писмото Пендаровски посочува историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска испрати писмо до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година.

-Ми претставува особена чест да Ви се обратам и да ги изразам своите срдечни желби по поводд почетокот на Новата црковна година. Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, вели Пендаровски.

Во писмото тој го информира Вартоломеј дека изминативе три години „решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“.

-Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот, напиша шефот на државата.

-Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет, додаде тој во писмото. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести