Пендаровски ушати честитки за екипата која работеше на документарецот кој донесе голем успех за нашата држава иако не доби Оскар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 февруари, 2020 11:02

Пендаровски до тимот на “Медена Земја”: Македонски филм за првпат постигна ваков успех

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски се огласи на својот Фејсбук профил и напиша дека тимот на Медена земја, филмот кој беше номиниран во дури две категории на престижните Оскари, ги заслужи нашите честитки.

Претседателот на државата, со честитки до тимот на Медена Земја

Очекувавме и се надевавме на оскар, тимот на #МеденаЗемја ги заслужи нашите честитки! 
Двете номинации за #Оскари2020 е успех кој еден македонски филм го постигна за првпат. МК.„Медена земја“, оценета како врвно кинематографско остварување е културен производ со висока општествена вредност што испрати освестувачки пораки за заштитата на животната средина и овозможи промоција на земјава низ целиот свет.

Пендаровски упати честитки за екипата која работеше на документарецот кој донесе голем успех за нашата држава иако не доби Оскар.

Браво за нашите културни амбасадори Атиџе, Тамара, Љубо, Атанас, Самир, Фејми и целата екипа која неуморно работеше на филмот од неговото создавање, се до неговата промоција и глобално претставување.

На вчерашното 92-ро издание на Оскари филм со најголем број на номинации беше Џокер. 

Оскарот за најдобар документарен филм го доби „Американска фабрика“. Овој филм е работен во продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, продуциран за мрежата „Нетфликс“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести