Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски!

Објавил: Перо Милчин | 11 март, 2021 21:07

ПЕНДАРОВСКИ ЗА УТРЕ СВИКА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ПЕНДАРОВСКИ ЗА УТРЕ СВИКА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Претседателот Стево Пендаровски за утре во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Седницата ќе одржи во кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести