Во врска со „Рекет“, повтори дека е невозможно главните актери во оваа, како што рече, драма, да тераат годишни одмори, независно дали се претпоставено обвинети или обвинители.

Објавил: Перо Милчин | 15 август, 2019 20:16

ПЕНДАРОВСКИ: Изјавата на премиерот Заев е непримерна, која може да навреди цели категории наши граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории наши граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навредени од тие некои зборови, вели Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Пендаровски вели дека граѓаните сметаат дека институциите кои се платени од нивни пари, не си ја вршат својата работа.

И ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде.

– Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да е нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто немам право на грешка, нагласува шефот на државата.

Имаме долги децении зад нас, не години, во кои многу институции, вклучително и политичките, не реагираа така како што требаше да реагираат и затоа сме во оваа ситуација во која сме.

Повторувам, не зборувам само за судско-обвинителскиот комплекс, туку генерално, виталните институции на оваа држава не функционираат и не ги сервисираат граѓаните и не ги сузбиваат криминалот и корупцијата на она ниво кое е неопходно за да кажеме дефинитивно дека сме зрела демократија, вели Стево Пендаровски, Претседател на Македонија, за Гласот на Америка на македонски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.