На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

Објавил: Весна Петровска | 18 октомври, 2019 17:50

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17:00 часот во „Вила Водно“

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

Стево Пендаровски денеска се обрати пред нацијата и порача дека сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина.

– Убеден сум дека сега е време да покажеме единство. Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина и иднината на следните генерации. Убеден сум дека ако работиме заедно ќе успееме. Во овие моменти најмалку што ни е потребно е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени членки на ЕУ.

Ова го истакна во обраќањето до граѓаните на претседателот Стево Пендаровски по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решаваше за пристапните преговори со Северна Македонија.

-Сега е најважно ние самите уште еднаш да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатланските интеграции кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ знаеме одамна нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или еден претседател. Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја единствениот исправен пристап имајќи ги предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Не треба да бидеме само формални членки на Унијата туку реално да го усвоиме системот на вредности и да гио примениме во секојдневниот живот, рече Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.