-Во услови кога имаме избори без поголеми собири и теренски активности, медиумите имаат уште позначајна улога и затоа е потребно непристрасно и професионално да ја информираат јавноста. Социјалните медиуми ќе бидат значајна алатка во изборната кампања, честопати и како извор на потпалувачки говор и лажни вести кои го поткопуваат демократскиот развој на отворените општества. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и редовно да ги проверуваат информациите кои се пласираат на социјалните медиуми од непознати извори, посочува претседателлот на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 10:09

Пендаровски: Кампањата да биде безбедна- овие изборите ќе бидат под посебни услови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата Стево Пендаровски во изјавата по повод почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори истакна дека за првпат од независноста на државата изборите ќе се одржат како земја-членка на НАТО и во очекување да ги почнеме претпристапните преговори со Европската Унија. Тој посочи дека посакува успешни избори, фер и коректна кампања, и на крај вистинската одлука да ја донесат граѓаните.

-Во услови кога имаме избори без поголеми собири и теренски активности, медиумите имаат уште позначајна улога и затоа е потребно непристрасно и професионално да ја информираат јавноста. Социјалните медиуми ќе бидат значајна алатка во изборната кампања, честопати и како извор на потпалувачки говор и лажни вести кои го поткопуваат демократскиот развој на отворените општества. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и редовно да ги проверуваат информациите кои се пласираат на социјалните медиуми од непознати извори, посочува претседателлот на државата.

Изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високи стандарди и критериуми, имајќи ја предвид и нашата евро-атлантска перспектива, порачува Почитувани граѓани, ве повикувам да излезете и да гласате по свое лично убедување, без страв и без притисоци. Одлучете сами на која политичка опција и за каква политика ќе го дадете својот глас и својата доверба. Овие избори се одржуваат во време на пандемијата на КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација. Во таа насока, на сила ќе бидат посебни здравствени протоколи со цел да им се овозможи на сите граѓани кои ќе одлучат да го искористат своето уставно загарантирано право на глас, да го сторат тоа во безбедни услови и со соодветна заштита. Драги сограѓани, постапувајте според  протоколите за безбедност и заштита при одвивањето на севкупниот процес на избори. При гласањето бидете заштитени, почитувајќи ги мерките, протоколите и држете пропишано растојание, истакнува шефот на државата во изјавата.

Претседателот на државата апелира до сите учесници во изборниот процес да придонесат овие избори да бидат фер, слободни и демократски, како што и се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

– Очекувам сите политички партии да организираат кампања во која учеството ќе биде безбедно за сите, и за кандидатите и за граѓаните. Очекувам од сите политички партии достоинствена кампања, со високо ниво на политичка култура, без дискредитации. Очекувам инклузивна кампања во која ќе учествуваат сите маргинализирани групи и малцинства, во која ќе биде застапуван и нивниот интерес. Од друга страна, очекувам сите институции кои се најповикани и надлежни за спроведување на изборниот процес да работат професионално, во согласност со принципите на отвореност, еднаквост и непристрасност, вели Пендаровски.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.