Пендаровски запрашан од новинар на „Ал Џезира“ дали му пречи придавката „Северна“ и новото на државата, претседателот Стево Пендаровски искрено одговара и признава дека му пречи, но со тек на време ќе се навикне.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 октомври, 2019 17:30

Пендаровски конечно призна: Ми пречи новото име на државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државава Стево Пендаровски во емисија на каналот „Ал Џезира“ искрено одговара дека му пречи додавката Северна во името на нашата држава.

Претседателот Пендаровски открива дека му пречи новото име на државата

Пендаровски запрашан од новинар на „Ал Џезира“ дали му пречи придавката „Северна“ и новото на државата, претседателот Стево Пендаровски искрено одговара и признава дека му пречи, но со тек на време ќе се навикне.

Ми пречи. Ми пречи како и претпоставувам на сите Македонци, на сите граѓани во
земјава. И ден денеска не можам да се навикнам. Можеби со тек на време, ќе биде, вели претседателот во емисијата.

Емисијата на Ал џезира“ премиерно ќе се емитува во понеделник.

Инаку Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963, Скопје кој на функцијата претседател на Македонија, дојде откако победи на претседателските избори во 2019, како кандидат на СДСМ. Тој функцијата ја превзема  на 12 мај 2019. По занимање е професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на факултетот за политички науки на универзитетот Американ Колеџ во Скопје и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори во 2014. Тој повторно беше избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и коалиционите партнери за претседателските избори во 2019 каде што победи и двата изборни круга против кандидатите Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река и со тоа стана претседател на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика