Координаторот за НАТО Стево Пендаровски изјави дека Македонија подготвена да стане членка на НАТО, откако ќе се заокружи процесот со Договорот за името.

Објавил: admin@magazin | 7 јануари, 2019 14:43

Пендаровски : “Македонија е подготвена да влезе во НАТО”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонија и политички и воено е подготвена да стане членка на НАТО, откако ќе се заокружи процесот со Договорот за името.

Националниот кооординатор за НАТО Стево Пендаровски во интервју за Телма изјави дека не се предвидуваат многу поголеми проблеми во Грција околу обезбедување на поддршка за Договорот од Преспа.

Пендаровски во интервјуто зборува за се она што уште ја чека Македонија, на патот до полноправното членство во НАТО Алијансата.Исто така министерката за одбрана Радмила Шеќеринска верува дека Македонија во Февруари ќе биде рамо до рамо со останатите членки на НАТО. Таа изјави дека долги години Македонија зборувала за НАТО и затоа и 2019 година е многу важна година за Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.