При обиколка на јужната граница, Пендаровски не изрази загриженост за новиот наплив на мигранти кој се најавува да стигне во Македонија.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 4 март, 2020 11:15

Пендаровски: Мигрантите не може да бидат изненадување за нас

Фото/Текст извор: ©магазин

По дојавите за нов мигрантски наплив на турско-грчката граница и безбедносните сили во Македонија се активираа. На јужните гранични премини се забележува зголемено присуство на припадниците на армијата и полицијата. Во обиколка на јужната граница по повод најава за нов мигрантски наплив, беше и претседателот Стево Пендаровски. Тој изјави дека безбедносните сили се подготвени за нови мигрантски напливи. Мигрантите согласно Пендаровски не може да бидат изненадување за безбедносните сили на Македонија. Според Пендаровски подготвеноста на армијата и полицијата се потврдила и во 2015 и 2016 година кога на дневно ниво низ македонските граници се движеле и по 15.000 мигранти.

 

Според претседателот Пендаровски во овој момент нема простор за паника

Пендаровски не може да го изненади новиот бран на мигранти

Во моментов ситуацијата на јужната граница е стабилна и не се забележува присуство на ниту еден мигрант. Освен легалните патишта за премин на мигрантите, кои се обезбедувани од страна на припадниците на армијата, постојат и неколку нелегални примени преку кои мигрантите исто така се обидуваат да преминат. Сепак, досега Македонија не била атрактивна земја за мигрантите, туку транзит зона и служела само за премин кон западните земји. Од таа причина во Македонија се активираат најмногу безбедносните сили чија цел е да спречат појава на инциденти или загрозување на приватниот и јавниот имот или безбедноста на граѓаните. Македонија игра значајна улога во спроведување на мигрантите и нивно евидентирање. Тоа е од исклучителна важност за европските држави кои треба да создадат стратегија и планови за прием и справување со мигрантите.

Европската мигрантска криза се продолжува

Европската мигрантска криза или бегалска криза е поим даден за период во почетокот на 2015 година кога поголем број на луѓе мигрираа во Европа, патувајќи во главно преку Средоземното море. Повеќето од луѓево биле баратели на азил, но исто така имало и економски мигранти. Во таквата криза, откриени се и борци на Исламската држава кои биле преправени во бегалци односно мигранти.

Со европската мигрантска криза се зафатени поголемиот дел од државите во Европа, но и Македонија поради географската позиционираност. Една од најфреквентните маршрути поминува токму низ Македонија. Во екот на мигрантската криза, Европската Унија изрази пофалност до македонските власти за начинот на кој се справуваше со мигрантите. На каков третман ќе наидат мигрантите од новиот бран доколку поминуваат низ Македонија, останува да видиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.