Церемонијата во Вилата на Водно започна со сите државни и воени почести.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2019 18:01

Пендаровски му кажа збогум на Иванов и веднаш се всели во вила Водно!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Официјално од денеска нов станар во претседателската резиденција на Водно пристигна Стево Пендаровски.

Бившиот претседател Ѓорге Иванов го пречека новиот претседател Пендаровски со официјална и традиционална церемонија, а тој пак го испрати Иванов во доживотна пензија и закупените канцеларии во висококатниците во Џевахир.

Церемонијата во Вилата на Водно започна со сите државни и воени почести.

Откако се ракуваа, Пендаровски и официјално го испрати Иванов од претседателската резиденција на Водно. A Иванов пак и овој пат ги одби медиумите за изјава.

После свеченоста Иванов и Пендаровски имаа 45-минутна тет-а- тет средба. Двајцата се сретнаа и со вработените во претседателскиот кабинет. По што следуваше и примопредавањето на функцијата на претседател на Република Македонија.

После завршувањето на својата 10 годишна функција како претседател, Иванов преку семејна фотографија се збогува со граѓаните и им порача:

„Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува”. – напиша Ѓорге Иванов на ФБ.

Денеска Пендаровски и официјално го испрати Иванов од претседателската резиденција на Водно и му кажа збогум засекогаш.

Пендаровски пак по официјалното испраќање на Иванов од вилата на Водно, официјално започна со билатерални средби со високи државници од соседството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани