Претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.

Објавил: admin@magazin | 26 октомври, 2019 13:28

Пендаровски на гости кај Рама и Мета во Албанија: Пречекан со највисоки воени и државни почести!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска ја почна првата официјална посета на Република Албанија.

Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

Денеска е предвидено Стево Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи.
Претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.

Претседателот Стево Пендаровски денеска е во прва официјална посета на Албанија , каде беше пречекан од претседателот Илир Мета. ФОТО: Канал 5

Албанскиот премиер Еди Рама неодамна на изборен митинг во Пустец рече дека неговиот добар пријател, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е целосна спротивност од неговиот албански колега Илир Мета.

– Мојот добар пријател, претседателот на Македонја, Пендаровски, е дел од напорите на народот, државата, владата за да ги убедат земјите членки, Советот на Европа дека треба да се отворат преговорите.

Тој е претседател со кој треба да се гордееш. Претседателот на Албанија е дел од напорите за спротивното. Тој е дел од напорите до крај да се создаде сомневање дека Албанија не заслужува отворање преговори.

Со неговото однесување, неговиот пристап, бруталноста и неодговорноста со кои тој го толкува Уставот и скандалозната интервенција во изборниот процес тој е во целосна функција на план смислен на опозицијата.

Тој е претседателот кој не тера да се чувствуваме засрамено – рече Рама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести